Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Димитар Коштанов

Роден е во Горна Џумаја (денес Благоевград) на 18 март 1879 година. Завршил Егзархиска гимназија во Солун. Се приклучува во ВМОРО и дејствува како терорист на Централниот Комитет. Подоцна станал член на групата на гемиџиите и заедно со Александар Кипров ги заменува уапсените П.Манџуков, П.Соколов и П.Шатев, Учествува во прокопувањето на подземниот тунел на Отоманската банка во Цариград. Во 1901 година турската власт ја открива намерата и Д.Коштанов успева да побегне. Во 1902 година станува војвода во Смоленско.

Во 1905 – 1906 година работи во Варна. По Младотурската револуција учествува во основањето на Народната федеративна партија во Горна Џумаја.

На 21 мај 1915 година, се удавил при изградбата на мостот на реката Струма, до с.Покровник, Горноџумајско.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik